Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривична пријава за охридски полицаец кој употребил прекумерна физичка сила над охриѓанец

Охрид, 23. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обивнителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик.

– Имено, пријавениот во својство на полициски службеник во Полициската станица Охрид, при преземање на службени дејствија, неосновано и прекумерно употребил физичка сила над охриѓанец. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе и предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност, полицискиот службеник ќе биде суспендиран од своето работно место до завршување на постапката, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука