Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Минатата недела во Охрид регистрирани 42 заболени од грип, има намалување во споредба со претходните две недели

Охрид, 23. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Изминатата недела во Охрид се регистрирани 42 случаи на заболени од грип.

Во споредба со првите две недели од јануари се бележи намалување во бројката на заболени, вели за Супер радио и OhridPress специјалист епидемиолог д-р Јованка Стурлакова Коровешоска.

За потсетување, во првата недела од 2024 имаше 52 случаи на грип, додека во втората 81. После новогодишните празници поради масовните собирања, прослави, блиски контакти, беше забележано нагло зголемување на бројката на заболени од грип, а беа претежно помлади лица кои не се вакцинирани.

Вакцини против сезонски грип и натаму се достапни во Центарот за јавно здравје за оние кои ќе сакаат да се имунизираат. Оваа сезона споредено со изминатите е голема бројката на вакцинирани против сезонски грип, па заклучно со првата половина на јануари се имунизирани 2.513 лица.

Според искуствата на епидемиолозите од претходни сезони, пикот на заболени од грип се очекува во февруари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука