Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Времена забрана за пиење на водата од водоснабдителниот систем во Охрид

Охрид, 24. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – По синоќешниот дефект во водоводната мрежа поради пукната цевка на пресекот од булевар „Туристичка“ со улицата „АСНОМ“, времено се забранува за пиење и миење водата од централниот систем за водоснабдување.

– Поради настанат дефект на водоводната мрежа на кружниот тек кај бензиската пумпа Макпетрол – Билјанини извори и појава на зголемена матност во водата за пиење во одредени делови од градот, времено се забранува за пиење и миење водата од централниот систем за водоснабдување на градот Охрид, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.

Доддаваат дека мерката ќе важи се’ додека не се санира настанатиот дефект.

Полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид, поради настанатиот дефект и активностите кои се одвиваат за негова санација, ја известува јавноста дека, од денеска на сила ќе биде посебен режим во сообраќајот на булеварите „Туристичка“ и „Асном“ во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука