Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Во два случаи полицијата пронајде марихуана кај лица од Охрид

Охрид, 26. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 26-ти јануари 2024 година, во 02:00 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 28-годишен охриѓанец кај кого била пронајдена и одземена марихуана.

– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Во друг случај, на 25-ти јануари 2024 година, во 11:40 часот во близина на спортски објект во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 55-годишно лице од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука