Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Работна средба на тема „Учи паметно-работи стручно“ во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Охрид, 26. јанаури 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во среда, 31-ви јануари, во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ Охрид во 12:00 часот ќе се одржи работна средба на тема „Учи паметно-работи стручно“.

Ќе се обратат градоначалникот Кирил Пецаков, а свое излагања ќе има раководителот на секторот за образование, детска, здравствена и социјална заштита, Димитар Спасески.

– Позитивните искуства и образовни профили ќе ги презентираат директорот на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ – Охрид, Сашо Недески, директорот на СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ – Охрид, Ристе Јанкоски и директорот на ДСУ РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид, Марјан Радески. Своите искуства и согледувања ќе ги пренесат и учениците и компаниските ментори, соопштија од училиштето.

Оттаму потенцираат дека компаниите и нивните потреби од стручен кадар ќе имаат најважна улога при дизајнирање на наставните програми.

– Со цел да се идентификуваат истите, се повикуваат компаниите да земат активна улога во целиот процес преку давање на предлози, сугестии и мислења како да се унапреди системот на средно стручно образование и кои наставни профили да се отворат во училиштата кои се во областите каде што компаниите делуваат, велат од училиштето.
Општина Охрид и локалната самоуправа, активно работи на подобрување на средното стручно образование, со единствена цел да креира квалификуван и стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на трудот, но и да ја зголеми можноста за вработување на младите.

Меѓу предлог теми за кои ќе се споделуваат мислења како дел од овој социјалниот дијалог се наведени какви профили на кадар им се потребни на компаниите, дали компаниите би примиле ученици на практична настава и од кои струки/профили, кои се евентуалните пречки со кои се соочуваат компаниите во врска со спроведувањето на практичната настава и предлози како истите да се надминат, но и каква е соработката на компаниите со училиштата и кои се можни начини за унапредување на истата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука