Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Собрание на ИПА Македонија во Охрид

Охрид, 31. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Викендов во Охрид се одржа јубилејно Собрание на Националната секција на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Македонија, по повод 10 години од нејзиното полноправно членство во светското ИПА семејство и 13 години од формирањето на ИПА, оддел Македонија.

На собранието, учествуваа претседателот Игно Стојков и членови на Управниот одбор на ИПА Македонија, делегатите од сите ИПА региони во Македонија како и претседатели и членови на делегации од Албанија, Романија, Бугарија, Грција, Кипар, Хрватска, Словенија и Австрија.

– Со нив, средба и разговори за нови иницијативи и форми за меѓусебна соработка, оствари м-р Стефан Димоски, претседател на ИПА Охрид кој, приликата ја искористи за нова афирмација на Охрид, ИПА Охрид и Македонија. Притоа, на претседателот Стефан Димоски, му беа доделени плакети за „одлична соработка и достигнувања на целите и интересите, принципите и репутацијата на Обединетите Нации (ОН) и на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Македонија“, кои, му беа врачени од Аднан Имери, претседател на Меѓународната организација за економски развој OIDE, при Организацијата на Обединетите Нации (ООН) и Игно Стојков, претседател на Управниот одбор на ИПА Македонија, информираат од ИША Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука