Избор Охрид

Сончеви и топли денови не очекуваат во наредниот период во Охрид

Охрид, 12. август 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид времето денес ќе биде сончево и потопло.

Во попладневните часови ќе има изолирана појава на дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Дневната температура до 30 степени.

За наредните денови се најавува стабилизирање на времето, со подолги сончеви периоди и високи температури. (Крај)

извор: Метео фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука