Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Жанко ЗШ Голабоски повторно во хумана мисија (Фото)

Охрид, 5. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Жанко ЗШ Голабоски од екипата на Супер радио, како и многу пати досега, самоиницијативно во хумана мисија, повторно даруваше крв.

– Идејата дојде спонтано, на секои три месеци јас дарувам крв. Во емисијата „Охриде не бери гајле“ предложив ајде денес да даруваме крв и во рок од неколку часа се собраа десетина луѓе кои како и јас даруваа крв, вели Голабоски.

Тој потсетува дека не мора да се чекаат крводарителски акции, туку секој кој е во можност, својата драгоцена течност може да ја дарува во Службата за трансфузиона медицина секој понеделник и четврток. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/Жанко ЗШ Голабоски

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука