ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Секоја година истата приказна: Пожар во блатото кај населбата „Црногорци“

Охрид, 5. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните на социјалните мрежи попладнево реагираат дека, повторно, и оваа година гори трева и нискостеблеста вегетација во блатото кај населбата „Црногорци“.

Според првичните, неофицијални информации горат сува трева, шавар и капини.

Жителите на социјалните мрежи реагираат бурно и напоменуваат дека ова се повторува секоја година.

– Секоја година иста приказна. Штета по растителен и жив свет, штета по далноводи, трошење ресурси за гаснење ради некоја будала. Истрагата…ќор сокак, реагира Николче Милески на Facebook.

Тој објави и фотографии и потенцира дека е крајно време некој да понесе и одговорност затоа што, според нив, не може некое неодговорно лице секоја година да го пали блатото. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Николче Милески

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука