Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Во тек е пријавувањето за програмата ЦКА – ПХВ 2024

Охрид, 7. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – До крајот на оваа недела (до 11-ти февруари) трае пријавувањето за овогодинашниот циклус на програмата Црвен Крст во Акција – Промоција на Хумани Вредности (ЦКА – ПХВ).

– ЦКА-ПХВ е програма каде што вие како потенцијални волонтери и млади луѓе стекнувате вештини и знаење за потребите на нашата заедница преку изработка на мали проекти. Проектот овозможува подобрени вештини, личен развој, нови пријателства, продуктивно поминато време и многу други можности. Биди и ти дел од супер хероите и промени го светот, порачуваат од Црвен крст Охрид.

Може да се пријават сите млади од 9-то одделение до 3-та година средно училиште на следната апликација https://forms.gle/Y54oqNPo2faRtmqM9(Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука