Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Изгласан законот за игри за среќа, казина и обложувалници на повеќе од 500 метри од училиштата

Скопје, 7. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од 61 присутен, 55 кренаа рака за законот за игри на среќа. Без амандмани во матичните комисии и дебата на пленарната седница, пратениците дадоа зелено светло за законот, според кој се забранува да има автомат клуб, спортска обложувалница или друг објект за организирање игри на среќа на 500 метри од училиштата.

Опозицијата побара точката да се тргне од дневен ред на денешната седница, а откако не беше овозможено ја напушти салата. Движењето Антикоцкање инсистираше на донесување на ваков закон заради заштита на децата, а приредувачите на игри на среќа протестираа, зашто сметаат дека ваквите измени ќе ги затворат обложувалниците и ќе ја уништат нивната индустрија, а 10.000 луѓе ќе останат без работа. (Крај)

извор: Тв Телма фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука