Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Пристигнаа налепниците со „NMK“, од утре започнува дистрибуцијата до станиците за технички преглед

Скопје, 8. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Налепниците со новата ознака за возилата во државата „NMK“ се пристигнати и од утре ќе започне нивна дистрибуција до станиците за технички преглед ширум државата, изјави за „Слободен печат“ техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Како што изјави Тошковски, налепниците ќе бидат на товар на МВР, иако претходно беше предвидено граѓаните да ги чини од 30 до 50 денари.

Тендерот за набавка на налепниците „NMK“ го доби фирмата „Квантум дооел Скопје“, а производител на табличките е германската фирма „ЕХА Хофман“.

Според димензиите, МВР по различна цена ги набавува налепниците. Па, така за налепница со димензија 99×42 МВР плаќа 35 денари, за налепниците со димензии 85×40 милиметри цената е 41 денар, налепниците со димензии 63×37 милиметри чинат 35 денари и налепниците со најмала димензија изнесува 29,5 денари за две налепници. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука