Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Од денеска започнува дистрибуцијата на налепниците со „NMK“ до станиците за технички преглед

Скопје, 9. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Налепниците со новата ознака за возилата во државата „NMK“ од денеска ќе бидат дистрибуирани до станиците за технички преглед ширум државата.

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека ќе бидат на товар на МВР, иако претходно беше предвидено граѓаните да ги чини од 30 до 50 денари.

Тендерот за набавка на налепниците „NMK“ го доби фирмата „Квантум дооел Скопје“, а производител на табличките е германската фирма „ЕХА Хофман“.

Според димензиите, МВР по различна цена ги набавува налепниците. Па, така за налепница со димензија 99×42 МВР плаќа 35 денари, за налепниците со димензии 85×40 милиметри цената е 41 денар, налепниците со димензии 63×37 милиметри чинат 35 денари и налепниците со најмала димензија изнесува 29,5 денари за две налепници. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука