Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Се зборува на Facebook: OhridPress анализа – дали и колку уплатно-исплатни места за игри на среќа ќе се дислоцираат во Охрид

Охрид, 9. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Откако беше изгласан законот за игри за среќа, се отвори прашањето дали и колку уплатно-исплатни места за игри на среќа ќе се дислоцираат, а анализата на OhridPress за истото е помеѓу најкоментираните на нашиот Facebook профил.

Со оглед на фактот што станува збор за релативно мал град, основната анализа покажува дека бројни вакви објекти ќе мора да се дислоцираат, особено оние во центарот на градот. Станува збор за над 20 поголеми и помали локации, кои особено гравитираат на улиците „Македонски просветители“, „Партизанска“, булевар „Туристичка“ и целиот потег околу Градскиот пазар и поширокиот дел на централното градско подрачје. Не помал дел ги има и во останатите делови на градот, а доколку се преклопат круговите од графичката анализа подолу, скоро и да нема дел од центарот на градот кој не е покриен од „заштитениот“ радиус од некое училиште.

Охриѓани веќе подолг период наназад реагираат на оваа тема по повеќе основи. Дел се за комплетно дислоцирање на ваквите објекти од градовите, а дел реагираат на растојанието од само 500 метри од училиштата, што реално ја прави мерката несериозна. Дел од нив, на шега предлагаат дека сега е подобро да ги преместиме училиштата, затоа што оваа мерка нема да смени ништо.


Читателите на OhridPress генерално се со став дека одлуката нема да донесе никакво подобрување и дека истите треба да се надвор од градските средини. Дел одат и понатаму и бараат нивно затворање или менување на законската регулатива за да се стави ред и во оваа област. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука