ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Во понеделник истекува рокот за вадење нови документи, утрово мала раздвиженост во пунктот во објектот на Пожарната

Охрид, 10. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На само два дена од истекувањето на рокот, од кои утре е недела, неработен ден, екипата на OhridPress утрово го посети пунктот во објектот на Пожарната, каде охриѓани периодов наназад секојдневно вадеа нови документи.

Очигледно најголемиот дел веќе ја завршиле оваа обврска, а шалтерите во објектот на Пожарната скоро постојано беа полни со граѓани кои стрпливо чекаа да ја исполнат својата обврска.

Од МВР информираат дека нема да има казни доколку граѓаните не успеат да ги извадат новите документи до 12-ти февруари кога истекува рокот, но и нема да можат да патуваат во странство.

Со договорот од Преспа, македонските власти се обврзаа да ги сменат сите лични документи на граѓаните во Македонија, на кои ќе треба да стои новото име. Трошоците за промена на документите се на сметка на граѓаните. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука