Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Акциски контроли по угостителските објекти, во еден ноќеска затекнати повеќе малолетни лица

Охрид, 10. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 9-ти и 10-ти февруари 2024 година, полициски службеници од СВР Охрид извршија акциски контроли по угостителските објекти во градот при што, во 03:00 часот, во еден локал лоциран на улицата „Партизанска“ во Охрид, затекнати се повеќе малолетни лица.

– Врз основа на констатираниот прекршок, против правниот субјект и одговорното лице, ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука