Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Во болница во Охрид почина 78-годишна жена од БиХ, приведен нејзиниот син

Охрид, 10. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 9-ти февруари 2024 година, во 10:00 часот, во СВР Охрид е пријавено дека околу 01:00 часот, во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, со возило на Итната медицинска помош била донесена 78-годишна жена, во придружба на нејзиниот 44-годишен син, двајцата од Бугојно, Босна и Херцеговинаа.

– Според пријавеното, нејзиниот син ја напуштил болницата, а жената набрзо починала. Лицето е пронајдено на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид каде е лишено од слобода. Телото на починатата е дадено на обдукција. Во координација со јавен обвинител, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука