Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Три златни, четири сребрени и осум бронзени медали за таеквондистите од „Хваранг Фист“ на турнирот „Феникс опен 2024“ во Ниш, Србија

Охрид, 12. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Таеквондистите од клубот „Хваранг Фист“ од Охрид, освоија бројни признанија на меѓународниот Таеквондо турнир „Феникс опен 2024“, кој се одржа викендов во Ниш, Република Србија и кој беше прв турнир за нив во оваа натпреварувачка сезона.

– Учеството на околу 500 натпреварувачи од 48 клубови од 10 земји од Европа и регионов беше доволна причина да бидеме дел од овој спортски настан и да провериме дали подготовките кои ги имавме по новогодишните прзници беа добро сработени. Освоивме 3 златни, 4 сребрени и 8 бронзени медали, што е показател дека сме и повеќе од подготвени за оваа сезона. Браќата Ѓорѓи и Петар Петкоски беа најдобри во својата категорија и со атрактивни борби и многу поени ја воодушевија публиката, информираат од клубот.

Следна дестинација за охридските спортисти е Тирана, Албанија, по која следува меѓународниот турнир „Охрид Опен 2024“ во Олимписко Таеквондо. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука