Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Скршена врата на орманче за струја, потенцијална опасност за граѓаните

Охрид, 13. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Љупчо Паункоски апелира до одговорните и на неговиот профил на Facebook објави фотографија од скршена врата на орманче за струја, што е потенцијална опасност за граѓаните, особено за децата.

– Апел, скршена е врата на КПО орманче за струја. ЕВН да преземе мерки додека не настадало некое дете, потенцира Паункоски.

Додава дека орманчето е лоцирано кај зграда „Кифла“, на аголот кон улицата „7-ми Ноември“, наспроти Дистрибуција. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Љупчо Паункоски

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука