Забава Избор

Braden Bales го претстави новото EP издание „Catalyst“

Охрид, 15. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Младиот канадски уметник и кантавтор, Braden Bales го претставува новото EP издание со наслов „Catalyst“ кое доаѓа по успешните синглови „Me myself and You“ и „Hostage“ кои го подготвија теренот за новиот проект.

Изданието носи уште две нови песни „A Good Goodbye“ и „I write songs for you“. Музичарот во подем започнува ново поглавје и ги носи своите вештини на повисоко ниво, црпејќи инспирација од сопствените искуства и емоции, со цел да се поврзе со публиката на длабоко лично ниво.

– Секој си го носи својот товар и сите ние сме производ на нашето воспитување и предизвиците со кои се соочивме на тој пат. Ова издание е за моментите кои ме обликуваа во личноста што сум денес, па се надевам дека ќе им помогне на слушателите да се соочат со работите што ги прогонуваат, истакна Braden.

Заедно со неверојатните вештини за пишување песни, харизматичната личност и способноста да се поврзе со своите слушатели, тој станува едно од највозбудливите нови имиња во светот на поп музиката.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука