Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

МВР за два пунктови во Скопје ќе праќа СМС за готови пасоши, на сите останати места ќе се подигнуваат како досега

Скопје, 16. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од понеделник, 19. февруари, граѓаните кои се фотографирале за пасош во објектот на МРТВ или во ПС Пролет во Скопје ќе добиваат СМС порака откако ќе им биде изготвен пасошот за да дојдат да го подигнат, соопштија од министерството за внатрешни работи.

– Исто така, граѓаните ќе можат на интернет страната mvr.gov.mk да извршат проверка дали нивниот пасош е изготвен. Ги молиме граѓаните доколку немаат добиено СМС порака или доколку на интернет страната на МВР нема потврда дека нивниот пасош е изготвен да не доаѓаат во објектот на МРТВ затоа што тоа значи дека нивниот документ не е готов, стои во соопштението.

Граѓаните кои се фотографирале во другите пунктови во Скопје или во другите градови, готовите пасоши ќе ги подигаат на ист начин како и досега. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука