Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Огнен Стефановски е нов македонски рекордер во скок со стап во сала

Скопје, 19. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Македонија има нов рекордер во скок со стап во сала, соопшти Атлетската федерација на Македонија.

Тоа е Огнен Стефановски кој успеа со само неколку месеци тренинг во една од неговите нови дисциплини да прескокне 3.65 метри и да го собори еден од најстарите национални рекорди кој датира уште од далечната 1969 година.

Ова е само продолжување на одличните вести од изминатиот натпреварувачки викенд. Дарио Ивановски финишираше на маратонот во Севиља, Шпанија со неверојатно време од 2:08.25, што значи подобрување на националниот рекорд за цели три и пол минути и се доближи на само 15 секунди од олимписката норма од 2:08.10. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука