Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Преподобен Партениј Лампсакиски

Охрид, 20. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7-ми февруари, денот кој православните христијани го одбележуваат во чест на Преподобен Партениј Лампсакиски.

Се родил во Мелитопол. Во детството не добил никакво образование. Кога потпораснал, станал рибар и на тој начин се издржувал. Уште од младоста го засакал Бога со сето свое срце, така што Господ му дал дар со молитва да исцелува секакви болести.

Кога чул за тоа, мелитополскиот епископ го повикал Партениј, се погрижил за неговото образование и подоцна го ракоположил за презвитер. Потоа станал епископ на градот Лампсак. Со оваа Црква управувал се’ до крајот на својот земен живот, во четвртиот век. (Крај)

извор: МПЦ-ОА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука