Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Средношколска крводарителска акција во ОСУ „Св. Климент Охридски“

Охрид, 20. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Црвен крст Охрид продолжува со реализирање на програмата за крводарителски акции за 2024 година.

По мотото „Дарувај крв, дарувај живот“, утре во периодот од 09:00 до 12:00 часот ќе се одржи средношколска крводарителска акција во ОСУ „Св. Климент Охридски“.

– Ги покануваме сите хумани средношколци да ја донираат својата скапоцена течност и да спасат нечиј живот, порачуваат од Црвениот крст. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука