Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

КОД на Тв Телма: Како МЕПСО прифати зголемување за 3 милиони евра за неизградената трафостаница Охрид

Скопје/Охрид, 20. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – КОД во ова емисија истражува зошто големиот енергетски проект за поврзување со Албанија не е готов иако ланската пролет заврши рокот. Од МЕПСО чија инвестиција се далноводот Битола-Елбасан и Трафостаницата Охрид велат дека нема анекси на договорот вреден над 34 милиони евра, а проблемите се преговори за корекции на цената и вишата сила.

За рокот нема анекс за продолжување, но според информации на КОД сепак со хрватската фирма е договорено покачување на цената за изградба на Трафостаницата Охрид за 3 милиони евра или за 17,7 % повеќе од првичната цена. Дали се избрани вистинските цени и каква е состојбата на градилиштето од анализата на новинарот Миомир Серафиновиќ.

Како сцена од вестерн филм, коњски пат, со ниска вегетација покрај него, ама дека е денешно време потврдува сликата од планински снежни врвови на крајниот хоризонт и патот кон Охрид од кој се слушаат автомобили во движење. Празната филмска сцена првично е планирана да чини 16,95 милиони евра, но за да стигне до крајот и да ја исполни намената, според сознанијата на КОД, цената треба да порасне за уште 3 милиони евра или вкупно да стигне до 20 милиони евра.

Станува збор за локација – градилиште на голем енергетски проект, Трафостаница Охрид со напон од 400 киловолти за трансфер и прием на струја и излез од 110 киловолти за електричната мрежа на Охрид. Освен што е пусто градилиштето, без чувар и без градежник на него, единствено што упатува на трафостаница е нејизната школка, празна, без опрема и без пристап до далновод (тука парче 34 од новите од Охрид никако претходно тоа парче). ТС Охрид, трафостаницата веќе требаше да биде готова лани.

Крајниот рок беше мај 2023-та, но не е завршена.

Комплетната анализа ОВДЕ. (Крај)

извор: Тв Телма/КОД фото: Тв Телма/КОД

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука