Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка на магистралниот пат Ресен-Буково кај „Леворечки мост“, повреден 38-годишен охриѓанец

Охрид, 21. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 20-ти февруари 2024 година, во СВР Битола е пријавено дека во 21:15 часот на магистралниот пат А-3 Ресен-Буково кај место викано „Леворечки мост“ се случила сообраќајна несреќа во која е повредено едно лице.

– Патничко моторно возило марка „Хонда” со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 38-годишно лице од Охрид, излетало од коловозот, при што возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид извршила увидна екипа на ОВР Ресен, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука