ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Упс… погрешен паркинг (Фото)

Охрид, 23. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – За ниското ниво на култура на однесување и колку се грижиме за добрата и животната средина сме пишувале во повеќе наврати, а тука не заостанува ниту сообраќајната (не)култура.

Со чест на исклучоците, но сообраќајната култура, етиката, толеранцијата во сообраќајот, сè уште не се на задоволително ниво.

И понатаму имаме непрописно паркирани возила, на тротоар, на велосипедска патека, на места кои не се предвидени за паркирање, а има и такви возачи кои со четирите уклучени трепкачи на возилото, сметаат дека се изземени од одговорност.

Покрај на копно, има погрешно паркирање и во вода

Човечкиот фактор е еден од клучните елементи кои влијаат на нивото на безбедност во сообраќајот. Процесот на промена на навиките и културата на однесување во сообраќајот е бавен, но затоа секој од нас преку личен пример треба да придонесе за побезбеден сообраќај. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука