ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ТОП ВЕСТИ

20. години од смртта на поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски

Скопје, 26. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска ќе биде одбележана 20-годишнината од смртта на поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски кој заедно со членови од неговиот Кабинет загина во авионска несреќа во близина на Мостар.

Во авионска несреќа што се случи на 26-ти февруари 2004 година загина претседателот на Република Македонија Борис Трајковски и осумчлена македонска делегација која патуваше на Меѓународна конференција во Мостар.

За несреќата која се случи во атарот на Матиќ Брдо кај селото Хусковиќи, во близина на Мостар, за причините за падот на „Кингерот“, за тоа дали се случила авионска несреќа или било „тероризам“, од тогаш досега беа изврешени две истраги и објавени два извештаја, на две комисии со кои раководеа Салко Бегиќ и Омер Кулиќ, а во кои учествуваа и македонски експерти.

Истрагата откри нови детали за смртта на Борис Трајковски - За Се

И во двата извештаја, кои се разликуваат, сепак, како причина за падот на „Кингерот“ се наведуват пилотски грешки и други индиректни системски пропусти.

Во авионската несреќа покрај претседателот Борис Трајковски, животот го загубија портпаролот Димка Илкова Бошковиќ, советниците Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на Министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука