Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

ООУ „Ванчо Николески“ доби нова и комплетно опремена сензорна соба

Охрид, 26. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – ООУ „Ванчо Николески“ во селото Лескоец доби нова и комплетно опремена сензорна соба.

Се очекува истата да придонесе за да се подобри совладувањето на наставните содржини и вклучување на сите деца во образовниот систем. Со тоа ќе се исполни уште една од образовните цели, а тоа е целосна инклузија во образованието.

Свеченото отворање е закажано за четврток, 29-ти февруари 2024 година, во 17:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука