Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Едукативно предавање за превенција, третман и лекување на срцевосадовите заболувања

Охрид, 26. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на своите здравствено-превентивни активности, а како дел од одбележување на Неделата на срцево-садови заболувања (21-28 февруари), Црвен крст Охрид организираше низа активности насочени кон превенција на срцевосадовите заболувања.

Денеска, во просториите на Црвен крст Охрид се организираше едукативно предавање за превенција, третман и лекување на болестите на срцето и крвните садови, кое д-р Соња Стурлакова Димовска, го одржа на корисниците и волонтери од Програмата Грижа за стари лица „Најди време“ и пензионерите од Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука