Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Лице од Пештани извршило доградба на објект без одобрение во селото Елшани

Охрид, 28. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 67-годишно лице од охридското село Пештани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

– Тој, во својство на инвеститор, при изградба на хотелски комплекс на парцела во охридското село Елшани за што имал одобрение, извршил доградба на објектот за која немал соодветно одобрение издадено од надлежен орган, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука