Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривична пријава за 34-годишен охриѓанец, сторител на 10 дела „тешка кражба“ и еднo „тешка кражба во обид“

Охрид, 29. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 34-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени 10 кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „тешка кражба во обид“.

– Тој, во периодот од 13-ти ноември 2023 до 21-ви февруари 2024 година, со употреба на сила и подесен алат, од станови и куќи на подрачје на Охрид одзел повеќе предмети. При претрес во домот, кој времено го користел, извршен по судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле дел од одземените предмети, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука