Избор Македонија Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охриѓанката Марија Димитриовска прогласена за најдобар тренер на Кавадарци

Кавадарци/Охрид, 29. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанката Марија Димитриовска од клубот за боречки вештини „Будо“ е прогласена за најдобар тренер на Кавадарци на манифестацијата „Избор на спортист за 2023 година“ кој се одржа во Домот на културата „Иван Мазов Климе“.

Присуствуваа претседателот на сојузот на спортови, претседатели и претставници на спортските клубови од Општина Кавадарци, спортисти, тренери, пријатели на спорот, вљубеници и помагатели, а во име на локалната власт пред присутните се обрати претседателот на Градскиот совет Стојанче Рамов.

– Заедно со Советот се трудиме да помогнеме во подобрување на условите во секој еден спорт кој успешно се развива и континуирано расте во нашиот град. Бидејќи спортот е една од најважните алатки во психофизичкиот развој на децата и воопшто и за сите. Честитки и благодарност на сите категории на спортисти, за нивните тренери, за нивниот придонес и заложби за освоени благодарници, медали за сите таленти јуниори и сениори. Продолжете со исто темпо, има и за што. Кавадарци се гордее со вас, ги поздрави градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев на неговиот профил на Facebook.

Од клубот за боречки вештини „Будо“ порачаа дека напорната работа не поминува незабележана, а изборот на спортисти во нашиот град тоа и го докажа.

– Општина Кавадарци и Сојузот на спортови за изминатата 2023 година од Центарот за боречки вештини „Будо“ ги избра и награди следните успеси: Дарко Димитриев – најдобар спортист на град Кавадарци, Марија Димитриовска – најдобар тренер, Изабела Зајков – успех на годината, Милош Калешков – млад талент Кик Бокс, Олгица Орешкова – најдобар БЏЏ борец и Виктор Ифтимов – најдобар Кик Боксер. Натпреварувачите и тренерскиот кадар ќе продолжат гордо и достоинствено да го претставуваат Кавадарци на државни, Европски и надежно Светски Првенства. За младите таленти од Будо, нема граници и пречки можат да совладаат секаков предизвик, порачаа од клубот.

Почетоците во боречките вештини за Марија Димитриовска се во 2003 година, со нејзината матична боречка вештина Карате-Шото Кан со постигнат, црн појас втори дан, по што се и почетоците на тренерскиот пат, со најмладите членови. Таа е дел од тренерскиот кадар на Центарот за боречки вештини „Будо“ од Кавадарци од 2020 година, а своите почетоци во боречките вештини ги започнува во 2003 година во карате клубот „Чоле“ во Охрид, каде активно се натпреварува до 2014 година, и е дел од тамошниот тренерки кадар до 2020 година. Во 2013 година започнува да тренира Бразилско Џиу Џицу, како една од првите жени во Република Македонија кои активно тренираат и се натпреваруваат во оваа релативно нова боречка вештина за тој период. Својот пат во Бразилското Џиу Џицу, покрај успешен натпреварувач го продолжува и како тренер во 2020 година со формирањето на клубот за Бразилско Џиу Џицу „БЏЏ Тиквеш-Кавадарци“, во Центарот за боречки вештини „Будо“, каде станува дел од тренеркиот кадар, како главен тренер за Бразилско Џиу Џицу со ранг виолетов појас и помошник тренер за Кик Бокс, каде и ја формира и започнува со водење детската група за КикБокс. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука