Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Кафето е корисно за црниот дроб

Вашингтон, 1. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Американски научници тврдат дека луѓето кои пијат кафе секој ден, ја подобруваат работата на црниот дроб.

Истражувачите откриле дека пиењето на кафе, како со кофеин, така и без, ја спречува можноста за повисоки нивоа на различни биомаркери кои сигнализираат за лошото функционирање на црниот дроб, вклучувајќи ја и аминотрансферазата и алкалната фосфатаза.

Зголеменото ниво на овие ензими често е сигнал за оштетување на црниот дроб и е поврзано со проблеми како дијабетес, кардиоваскуларни болести, цироза, рак на црниот дроб. Анализирајќи ги навиките за пиење кафе и крвните примероци од над 27.793 учесници на возраст од 20 или повеќе години, научниците утврдиле дека луѓето кои пиеле кафе, имале пониско ниво на ензимите поврзани со лошата состојба на црниот дроб.

Претходните истражувања открија дека пиењето кафе има позитивен ефект врз црниот дроб. Овие податоци покажуваат дека одредени состојки во кафето, различни од кофеинот веројатно придонесува за здрав црн дроб.

Научниците велат дека се потребни дополнителни истражувања за да се утврди точно кои се тие состојки. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука