Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

ГКК Охрид го пречекува Еуро Никел, натпреварот ќе има и хуманитарен карактер

Охрид, 1. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – По тринеделната пауза ГКК Охрид се враќа на возбудливите натпревари од Првата кошаркарска лига.

Утре на домашен терен го пречекува кавадаречки Еуро Никел. Натпреварот ќе биде од хуманитарен карактер, собраните средства од продадените карти ќе бидат издвоени за Леонид Индов.

– Леонид кој води тешка животна битка и му е потребна помош. Дојдете и купете си карта која чини 100 денари со надеж да му помогнеме на еден млад човечки живот, порачуваат од клубот.

Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „Билјанини извори“ со почеток во 18:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука