Скопје/Вевчани, 1. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Шпаркасе Банка организираше хуманитарна аукција со уметничките дела од талентираните сликари на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански Видувања“, во знак на поддршката на сликарството и мотивирање на младите сликари во државата да продолжат да творат.
– Откриената Шп-Арт-Уметност, годинава ја доби својата завршница во форма на хуманитарна аукција на уметнички дела нa 10 млади сликари, којашто на 29.02.2024 година во Скопје се реализираше во присуство на влијателни личности од општеството и соработници на Банката. Аукцијата, во организација на Шпаркасе Банка АД Скопје, а поддржана од Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“, беше реализирана под капата на платформата за оддржливост на Банката, препознатлива како „Sparkasse Life“. На настанот беа собрани вкупно 421.582,00 денари, а износот целосно ќе биде дониран во хумантирани цели на ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ – Скопје, за набавка на професионална опрема, од страна на Шпаркасе Банка АД Скопје.
„Младите се срцето на идниот развој во една држава, а главната премиса на Шпаркасе Банка е токму тоа, – „Верувај во иднината“, изјави Санел Кустурица Претседател на Управниот Одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.
Од „Виа Игнација“ од Вевчани, кои стојат зад проектот Меѓународна ликовна колонија „Вевчански Видувања“ потенцираат дека станува збор за фото спомен од извонредната хуманитарна аукција на Шпаркасе Банка со уметничките дела кои го одземаат здивот, создадени од талентираните сликари на колонијата.
– Меѓународната ликовна колонија „Вевчански Видувања“ и Шпаркасе Банка негуваат долгорочно и хармонично партнерство, во поттикнувањето на креативноста. Оваа аукција не е само во функција на уметноста. Таа е прослава на сочувството и на солидарноста. Секој потег на платно придонесува за посветла иднина за оние на кои таа им е најмногу потребна. Аукцијата како вредна колекција на волшебни парчиња, освен што го прикажува огромниот талент на нашите уметници, придонесува и за остварување на значајни хуманитарни цели. Посебна благодарност до Шпаркасе Банка за нивната континуирана поддршка, овозможувајќи Меѓународната ликовна колонија да донесе повеќе убавина во земјата, порачаа од „Виа Игнација“.
Шпаркасе Банка АД Скопје, преку платформата „Sparkasse Life“ пчродолжува да поддржува проекти поврзани со музиката, уметноста, спортот, заштитата на животната средина, културата, младите, промовирање на здрав живот и здрави навики, образованието, здравството, хуманитарни активности и поддршка на ранливи групи, а секако и инвестирање во своите вработени. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива