Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Какаото ја подобрува меморијата

Вашингтон, 2. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Какаото содржи биоактивна состојка која ја подобрува меморијата која слабее со годините, покажуваат резултатите од едно истражување спроведено во САД.

Научниците од Универзитетот Колумбија спровеле истражување врз 37 здрави доброволци на возраст меѓу 50 и 69 години, кои биле поделени во две групи. Секој ден, во текот на три месеци научниците им давале пијалоци со какао, кои не се официјално пуштени во продажба во продавниците.

Едната група внесувала по 900 милиграми флавоноиди дневно, а другата само 10 милиграми. Ако во почетокот на студијата, учесниците имале меморија на 60-годишен човек, три месеци подоцна тие веќе помнеле како 30 или 40-годишен човек.

Експертите велат дека освен во какаото, флавоноиди се содржат уште во некои видови на чај, овошје и зеленчук како јаболката, грозјето и боровинките. Освен за меморијата, корисните соединенија се поволни и за срцето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука