Избор Македонија ТОП ВЕСТИ Хроника

Тешка сообраќајка на патот Кичево-Гостивар: Загина 46-годишник од Скопје, тешко повредена малолетна девојка

Кичево, 2. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Едно лице го загуби животот, а едно е повредено во тешката сообраќајна несреќа која се случи синоќа, околу 18:00 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар кај селото Колари.

– На 1-ви март 2024 година, во 18:20 часот во Полициската станица Кичево, пријавено е дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај селото Колари, патничко возило марка „Форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од страна на 46-годишно лице од Скопје, излетало од коловозот. Притоа, тој од здобиените повреди починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, констатирани во болницата во Кичево, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука