Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридските пожарникари изминатото деноноќие интервенирале на една локација

Охрид, 5. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатото деноноќие охридските пожарникари интервенирале на една локација за гасење на пожар.

– Регионалниот ЦУК Охрид информира за еден случај во кој бил пријавен и изгаснат пожар на отворено, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.

Апелираат да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие во државата имало вкупно 1.920 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 47,40, а 52,60 отсто за други потреби на граѓаните што не биле итни. Од ЦУК соопштија дека во последното деноноќие имало седум пожари на отворено.

– Кон Полиција биле упатени 71,20 проценти, кон Итната медицинска помош 23,20 отсто, а кон пожарникарите 3,60 проценти, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, 1.046 повици за итни случаи на 112 во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 2% и на 52,60% именувани како „неитни повици“, биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно коордирнирање за нивно решавање со повеќе ангажирани институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК), согласно природата на пријавените „реални“ итни случаи, се вели во соопштението. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука