Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка на улицата „15-ти Корпус“, повреден 33-годишен охриѓанец

Охрид, 5. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 4-ти март 2024 година, во 16:35 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „15-ти Корпус“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која е повредено едно лице.

– Незгодата се случила помеѓу товарно возило марка „Фиат“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 59-годишно лице од Прилеп и мопед „Томос“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 33-годишен охриѓанец. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука