Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

21 медал и 5 пехари за најдобри поединци за Македонската традиционална тaеквондо федерација на „Тирана Опен 2024“

Охрид, 5. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Одличен старт на натпреварувачката 2024 година за Македонската традиционална тaеквондо федерација.

На Меѓународниот натпревар „Тирана Опен 2024“ во соседна Албанија освоија 8 златни, 9 сребрени и 4 бронзени медали, 5 пехари за најдобри поединци и пехар за второ место екипно.

Настапија 19 натпреварувачи од 4 клубови, тројца судии, двајца тренери и две официјални лица. Се натпреваруваа во две дисциплини, форми и борби.

– Учество на овoj натпревар зедоа 27 клубови од 7 земји од Европа, Италија, Шведска, Ирска, Хрватска, Косово, Албанија и Македонија. Кокнкуренцијата беше жестока но нашите натпреварувачи направија повторно да се гордееме со нив. Давид Ристески, Михаил Крстаноски, Миа Танеска, Бојана Китаноска, Елена Јанеска која беше избрана и за најдобра јуниорка на натпреварот и доби 100 евра парична награда, добија пехари за најдобри поединци, додека во севкупен пласман го освоија пехарот/плакета за второто место. Благодарност до генералниот спонзор „ПН Метал“, Агенцијата за млади и спорт и Општина Охрид, вели претседателот на федерацијата Марјанчо Лазаревски.

Таеквондо клубот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец, Охрид на „Тирана Опен 2024“ освои 6 златни, 5 сребрени, 2 бронзени и 4 пехари за поединици, Клубот „Мастер“ од Охрид освои 1 златен и 3 сребрени медали. Таеквондо клубор „Чонџи“ од Косел, Охрид се врати со 1 златен и 1 сребрен медал, како и со пехар за најдобар поединец/кадет. Клубот „Сонкал“ од Мислешево, Струга освои 2 бронзени медали.


Во периодот што следи теквондистите ќе се подготвуваат за Државното првенство во таеквон-до ИТФ на 16-ти март во мала салата на СРЦ „Билјанини извори“, во организација на клубот „Мастер” од Охрид.

По ова, ќе следи учество на „Албанија Опен“ во Корча, како одличен тест за наредното Европско првенство кое ќе се одржи во Копер Словенија од 15-ти до 22-ри април. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука