Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Со депресија живеат 350 милиони луѓе ширум светот

Вашингтон, 6. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Депресијата влијае на 10% од луѓето над 65 години, 11% од малолетниците и на 30 проценти од учениците во светот, покажуваат резултатите од истражување, според кое на нашата планета живеат најмалку 350 милиони луѓе со психички растројства.

Истражувањето спроведено од американски експерти, покажува дека ризикот од депресија кај жените е 70% повисока отколку кај мажите. Врв на меланхолична состојби на тага кај жените настапува во првите шест недели по породувањето. Според податоците од истражувањето, постродилната депресија влијае на 14% од жените.

Експертите исто така, наведуваат дека околу 50 проценти од луѓето со тешка депресија не бараат лекарска помош, додека осум милиони луѓе годишно посетуваат лекар поради вакви проблеми. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука