Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

АМСМ (12:43h): Намалена видливост од 100 до 150 метри поради магла на планинскиот премин „Ѓавато“

Скопје/Охрид, 6. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

– Намалена е видливоста од 100 до 150 метри поради магла на планинскиот премин „Ѓавато“, информираат од АМСМ.

Потсетуваат на обврската за носење зимска опрема која е на сила од 15-ти ноември 2023 година. Истата предвидува задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2024 година. (Крај)

извор: АМСМ фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука