Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Приведен 34-годишен охриѓанец кој бил агресивен кон членови на семејството

Охрид, 7. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 34-годишен охриѓанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

– Тој, на 6-ти февруари 2024 година, во семејниот дом бил агресивен кон членови на семејството по што, физички им се спротивставил на полициските службеници кои, пристигнале на местото и преземале службени дејствија, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука