Скопје, 7. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Собранието на Република Македонија попладнево на 147 седница по скратена постапка ги донесе законите за дополнување и измени на Законот за високото образование и на Изборниот законик, откако претходно беа разгледани на матичните комисии (за образование, наука и спорт и за политички систем) и Законодавно-правната комисија каде што не биле усвоени амандмани и немаше дополнителни предлози за расправа.
При утврдувањето на дневниот ред на оваа седница, пратеникот Арбер Адеми соопшти дека со дополнувањата на Законот за високото образование ќе се унифицираат платите на сите државни универзитети, со што, рече, ќе се постигне усогласување на коефициентите и ист статус на вработените на сите универзитети.
Откако беше потпишан Колективен договор со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, синдикатите на пет јавни универзитети – во Битола, Тетово, Штип, „Св. Апостол Павле“ од Охрид и „Мајка Тереза“ од Скопје од Собранието како нивни основач побараа да се потпишат и нивните колективни договори за да не бидат дискриминирани и во нерамноправна положба во однос на Скопскиот универзитет. (Крај)
извор: Тв 24 фото: архива