Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Редовно вежбате, а не слабеете, ова се причините!

Охрид, 8. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Многумина сметаат дека се хранат здраво, вежбаат често, а се’ уште се чувствуваат како да не губат тежина.

Овие се најчестите причини зошто тоа се случува:

Јадете погрешна храна

Исхраната е најмалку 80 проценти од битката со килограмите. Иако внесувате овошје и зеленчук, малите ситници значат многу, а тоа е дека навечер не се јаде овошје, затоа што го гои црниот дроб. Овошје се јаде наутро и во текот на денот, а заедно со него се пие вода. Не се јаде по ручек, како десерт.

Јадете премногу

И здравата храна, ако се зема во преголеми колични, не е повеќе така здрава. Да се внесуваат количини кои одговараат на вашиот организам, стилот и начинот на живот, вежбите и останатите параметри.

Вежбање според интернзитетот, а не времетраење

Нема точна равенката за времетраењето на вежбите, но пожелно е да се спроведуваат кратки, но чести вежби, кои ќе се прават во континуитет. Многумина вежбаат напорно одреден период, а потоа ја запоставуваат оваа активност. Напорните вежби треба да бидат пократки, како кардио-вежбите, додека брзо одење или пешачење, треба да е подолго за да има ефект.

Премалку одмор

По вежбите потребен е и одмор за телото. Одморот вклучува и редовно спиење, како и максимално долго време подалеку од компјутерот и телевизијата. Да се избегнува и седење на едно место и да се практицира често раздвижување на телото, макар и низ домот.

Вашето тело е под премногу стрес

Кога сме често под поголем стрес, на телото му е потешко да го изгуби вишокот на масти. Ослободувањето од стрес, исто така влијае на слабеењето, но и на комплетната благосостојба на организмот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука