ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

8-ми Март, Ден на жената

Охрид, 8. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Одбележувањето на Меѓународниот ден на жената е поврзан со храбрите, но сепак обични жени, кои успеаја да ја сместат во историјата идејата која се провлекувала во вековите наназад, еднаквост на жените и мажите во општеството.

Почетокот на минатиот век беше време на индустријализација, но и на нови и радикални идеи. 28-ми февруари 1909-та година од страна на Социјалистичката партија на Америка е востановен Националниот ден на жената. Една година подоцна со средбата во Копенхаген, Денот на жената добива Интернационален карактер во чест на движењето на жените за женските права.

Денес празникот се слави низ целиот свет со букети цвеќиња кои им се подаруваат на дамите. Овој празник е национален празник во 27 земји. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука