Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

АМСМ: До крајот на март затворен патот за Ресен преку НП „Галичица“, до 15-ти задолжителна зимска опрема

Охрид, 9. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од 15-ти ноември 2023 година стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2024 година, информират од Авто-мото сојузот на Република Македонија.

Од 15-ти ноември 2023 година, патниот правец Охрид-Ресен, преку Националниот парк „Галичица“, е затворен за сообраќај за сите видови на возила. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Овој времен режим ќе трае се’ до 1. април 2024 година. (Крај)

извор: АМСМ фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука