Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес облачно време со слаб локален дожд и температура до 11. степени

Охрид, 9. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес умерено до значително облачно време со слаб локален дожд. Од пладневните часови на повисоките планини во западните делови се очекува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 11. степени.

– Во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди, а претежно во планинските региони ќе има услови за локален дожд. За време на викендот ќе започне да дува засилен јужен ветер и дневната температура ќе биде во пораст. Нестабилно време со повремено пороен дожд проследен со грмежи ќе има на почетокот на следната работна недела, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука