Здравје Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Здравје: Голем дел од луѓето го прескокнуваат појадокот за подолго да спијат

Лондон, 11. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Луѓето кои го прескокнуваат појадокот три пати неделно, ризикуваат да внесат 252 повеќе калории и да ја зголемат тежината до 12 килограми годишно.

Истражувањата покажале дека еден на секои 10 луѓе воопшто не појадува во текот на неделата. Повеќе од една третина или 37% признаваат дека го пропуштаат појадокот во даден момент од работната недела. Речиси половина од лицата кои го пропуштаат појадокот признаваат дека огладнуваат пред пладне, а 30 отсто се жалат на замор и недостаток на енергија, додека 14% откриваат дека постојано се мрзеливи.

Главните причини за прескокнување на појадокот се дека луѓето го жртвуваат овој оброк за подолго да спијат наутро.

Во меѓувреме, високи 12 проценти едноставно забораваат да појадуваат. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука